Антивладините протести во Софија добија нови лица и тоа во ликовите на лидерите на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов и Цветан Цветанов, изјави денеска лидерот на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП), Сергеј Станишев.
Станишев, кој денеска престојува во Пловдив, каде се одржува 10-от собир на локалната организација БСП, ги повика демонстрантите кои спонтано излегоа на улица на протести против Владата, да се запрашаат на кого му служат.
Според Станишев, опстојувањето на сегашата Влада ќе зависи од квалитетот на работата на нејзините министри и на Кабинетот во целина.
– БСП не и даде доверба на Владата бланко и за засекогаш и министрите треба да работат и да ја реализирата програмата која партијата презема обврска да ја спорведувата, додаде Станишев.