Селаковиќ: Србија е решена да ја зајакне политиката на добрососедство

Од:

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, денеска изјави дека Србија е за јакнење на политиката на добрососедство.

– За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Северна Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства, рече Селаковиќ.

Државнo-црковна делегација предводена од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и српска делегација предводена од министерот Никола Селаковиќ денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, положија венци и оддадоа почит кон Илинден и местото каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е и спомен плоча за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која се одржа и чествувањето на Илинден.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он