Секој петти Грк е целосно вакциниран против Ковид-19

Од:

Над пет и пол милиони вакцинации се спроведени во Грција од процесот на имунизацијата, над три милиони граѓани, односно 34,5 отсто од населението ја примиле првата доза, а нешто повеќе од два милиони или 19.44 проценти се целосно вакцинирани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција.

Во однос на имунизацијата на островите, најголема покриеност има на Китнос, каде што 93 отсто од жителите ја примиле првата доза, а 79 проценти се целосно вакцинирани, а останува мал интересот кај жителите на Самос, Наксос, Кефалоња, Закинтос и Калимнос.

Темистоклеус објасни дека за месец јуни, Грција очекува 2.070.900 дози од Фајзер, 308.400 од Модерна и меѓу 400.000 и 500.000 дози од Астра Зенека, а од Џонсон и Џонсон, во текот на следните денови ќе имаат конкретна бројка за пратката.

Од досегашните пратки, искористени се 91,65 отсто од дозите од Фајзер, 89 проценти од Модерна, 70,3 отсто од дозите од Астра Зенека и 79 проценти од Џонсон и Џонсон.

Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, на почетокот на прес конференцијата изрази сочувство до семејството на 44-годишна жена од Крит која почина откако појави тромбоза, по вакцинација со вакцината на Астра Зенека.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он