Сега не гледаш и никогаш повеќе-таткото и братот на Малчанскиот берберин го посетија во затворот

Од:

Нинослав Јовановиќ познат како Малчански берберин кој беше уапсен вчера ја помина ноќта зад решетки во казнено поправниот дом во Ниш. Него го посетија од семејството, односно неговиот татко и брат за да му донесат облека да се пресоблече.

-Не сакавме воопшто да дојдеме, не сакам да го видам, но не замолија од полицијата да дојдеме и да му донесеме алишта да се пресовлече со оглед дека неговата гардероба оди на анализа. Беше свертен со грб кон нас во келијата кога пристигнавме, а полицаецот му рече да се сврти. Му реков: „Како не ти е срам веќе, срамота си“, а помладиот син му се обрати со зборовите: Сега ме гледаш и никогаш повеќе. Ни збор не кажа. Сам го избра патот по кој ќе оди и треба да одговара за тоа што го направи. Да се прашувам јас, би одел на бесилка, повторно кажа неговиот татко.

-Не прави никакви проблеми, сосема е послушен, ивршува се што полицијата ќе му наложи. На ногата има лонгета бидејќи го повреди зглобот про бегството од потерата, наведуваат извори од затворот.

Полицијата го уапси вчера по потрага од 17 дена и веднаш му беше одредено полициско задржување од 48 часа, а по сослушувањето сигурно ќе му биде одреден притвор.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он