Седум доживотни казни за серискиот убиец од Кипар

Од:

Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца.

Никос Метаксас (35) се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години. Двете убиени девојчиња, на возраст од шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.

Убиецот на денешното изрекување на казната дојде без адвокат, а при читањето на обвинението почна да плаче.

– Извршив одвратни злосторства, рече поранешниот капетан, изразувајќи сочуство на семејствата на жртвите.

Извршителот е разведен татко на две деца. Жртвите, кои работеле како домашни помошнички, ги наоѓал на интернет и ги убил во периодот меѓу септември 2016 и август 2018 година.

Началникот на полицијата доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради лошо спроведената истрага, при што исчезнувањето на жените не се сфаќаше сериозно бидејќи исчезнатите жени биле од странство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот