Се уште непознати авторите на графитите „УЧК“ и „ИСИС“ на манастирот Дечани

Од:

Полицијата од косовскиот град Пеќ, се уште нема идентификувано лица кои ги напишале графитите на помошните објекти на манастирскиот комплекс Високи Дечани.

– Се уште немаме осомничени, но водиме интензивна истрага за расветлување на случајот, потврдил за косовските медиуми регионалниот полициски портпарол Џеват Ибрај.

Инаку, на помошните објекти на манастирскирот комплекс се уште непознати лица напишале графити ИСИС (Исламска држава Ирак и Сирија), Калифатот доаѓа, „УЧК“ (Ослободителна војска на Косово), „АКШ“ (Албанска национална армија). Овие како и графити на арапски јазик се напишани со црвена и црна боја.

Фотографиите со напишаните графити на социјалната мрежа Твитер вчера ги објавил игуменот на манастирот, Сава Јањиќ.

Чинот на пишување на овие графити ескпресно го осуди претседателката Атифете Јахјага .Таа искажува остра осуда за овој вандализам врз имотот на Манастирот во Дечани и го смета за грозен и неприфатлив чин.

Според неа вандализмот врз еден споменик на културното наследство, споменик од од верски карактер не придонесува во изградбата на довербата меѓу заедниците и е во спротивност со вредостите на меѓуверската и меѓуетничка толеранција кои се втемелени во косовската држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик