Едно лице почина од повредите здобиени при уривање на кран на градилиште во приштинската населба Спитали.
Првично беше соопштено дека во овој инцидент се повредени две лица, од кои едното им подлегна на повредите.
Случајот за порталот Reporteri.net го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Енис Плјана.
„Во врска со овој случај, ве известуваме дека две лица се здобиле со телесни повреди и биле упатени на лекарска помош. Поради здобиените повреди, едно од нив не преживеа и почина. Неговата смрт ја потврди медицинскиот тим на Универзитетскиот клинички центар на Косово (УКЦК)“, изјави Плјана.
Тој наведе дека полициски единици излегоа на местото на настанот и преземаа соодветни мерки, а започната е и истрага за целосно расветлување на околностите на случајот.
„Во моментов, надлежните полициски единици, во координација со државниот обвинител, започнаа истрага со цел целосно расветлување на околностите на случајот“, додаде Плјана.
