Се шири лептоспирозата: Шестмина заразени во Република Српска

Од:

Од почетокот на оваа година, во Република Српска се регистрирани шест случаи со симптоми на лептоспироза – три во Бања Лука, а преостанатите три во Добој и Фоча.

Пет пациенти со симптоми на лептоспироза биле прегледани на Клиниката за инфективни болести во Сараево во последните 24 часа, а еден бил задржан на лекување, пренесува РТРС.

Во Сараевскиот кантон е прогласена епидемија од оваа болест, а според извештаите, минатата година во Република Српска се регистрирани 15 случаи.

Лептоспирозата е акутна заразна бактериска болест, а извор на инфекција се глодари, домашни и диви животни.

Се нарекува и професионална болест бидејќи ветеринарите, месарите, рибарите, ловџиите, како и градското население кое индиректно доаѓа во контакт со животни се најподложни на болеста – заразените животни ги излачуваат бактериите во урината во надворешната средина, од каде што луѓето се инфицираат преку повреди на кожата или преку мукозните мембрани на носот, устата и очите.

Извор на инфекција може да биде и почвата, калта или контаминираната вода, додека меѓучовечкиот пренос е исклучително редок.

Би можело да ве интересира

Миниќ повторно е премиер на РС: Владата останува во ист состав

Премиерот на Република Српска поднесе оставка

Татко и син пронајдени мртви во гаража во близина на Бања Лука

А1он

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он

Претседателот на Република Српска е хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар

Горан Наумовски

„Вашингтон тајмс“: Република Српска заслужува да биде независна