Се расчистува импровизираниот бегалски камп во атински „Елиникон“

Од:

Грчките власти презедоа мерки за дислоцирање на стотици бегалци од импровизираниот камп на поранешниот аеродром „Елиникон“ во реонот на Атина.

Околу 700 лица, најголем број од Авганистан, живеат во нехигиенски камп во „Елиникон“, кој до 2001 година беше аеродром, а подоцна таму се изградени спортски објекти за Олимписките игри во 2004 година.

Бегалците беа привремено сместени во „Елиникон“ во 2015 година. Невладините организации повеќе пати предупредуваа дека условите во кампот се несоодветни за подолг престој и апелираа до грчката Влада да ги смести лицата на друго место.

Во февруари некои од бегалците почнаа штрајк со глад во знак на протест поради недостиг на топла вода и храна.

Неименуван владин претставник изјави дека преместувањето во други кампови ќе се врши постепено, но одби да даде конкретни рокови.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он