Вагон на товарен воз со трансформаторска станица синоќа се превртел на железничката станица во Словенија, при што едно лице е тешко повредено, а според полицијата се работи за државјанин на Чешка.
Вагонот се превртел околу 1 часот и 30 минути по полноќ, соопшти словенечката полиција, додавајќи дека чешкиот државјанин со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница. Според полициската управа, жртвата била во специјална кабина зад превртениот вагон. Кабината се одвоила и паднала во бездна длабока десет метри на брегот на реката Сава.
Жртвата била извлечена од пожарникари, кои извршиле преглед на вагонот во кој имало две цистерни со гориво и една батерија. Како превентивна мерка, експертите ја прегледале и површината на реката Сава поради можно излевање на гориво.
Како што соопштија од словенечки железници, превозот на вонреден товар го вршел странски изведувач. Полициските службеници соопштија дека се уште не е утврдена причината за несреќата, а според првите проценки е причинета голема материјална штета. Железничкиот сообраќај беше во прекин, а по три часа наутро повторно беше воспоставен со една пруга.