Се предадоа пукачите од Нови Пазар, таткото бил газда на позната кафеана

Од:

Двајцата осомничени за денешното пукање во центарот на Нови Пазар, таткото и синот А.А. (1975) и Х.А. (1997) вечерва ѝ се предале на локалната полиција, јавија српските медиуми.

Пукањето пред самата полициска станица во градот се случи попладнево, а цел на таткото и синот, кои биле вооружени со пиштоли, бил 39-годишниот М.К., кој е тешко ранет во нападот. Еден од куршумите ја погодил и 32-годишната М.М., која случајно се нашла на улицата за време на инцидентот. И таа е тешко ранета и згрижена во болница.

„Постои основано сомнение дека по вербална расправија на осомничените со оштетениот 39-годишен маж, Х.А. пукал во него од пиштол и му нанел повреди, а притоа ја ранил и 32-годишната жена која случајно се нашла на местото. Осомничениот А.А. се товари дека на оштетениот маж, кој се наоѓал во автомобил, му нанел повеќе удари со бокс во лицето,“ се наведува во соопштението од полицијата.

На таткото, кој според локалните медиуми е познат угостител и газда на угледна кафеана во градот, и на неговиот син, им е одреден притвор од 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар.

Според информациите од лекарите на Хируршкото одделение во новопазарската болница, двајцата повредени се во стабилна состојба, а животот не им е загрозен.

Би можело да ве интересира

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ