Спасувачите сè уште ги пребаруваат остатоците, но велат дека има мала надеж да се најде некој жив во нив, јавува Би-Би-Си.
Покрај уапсениот шеф на локалната станица во Лариса, додава Би-Би-Си, сослушани се и службеници на државната железница.
Се стравува дека ќе се зголеми бројот на загинати
Како што соопштија грчките пожарникари, се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми. Пожарникарите соопштија дека се хоспитализирани 72 лица.
Тие исто така рекоа дека идентификувањето на телата би било многу тешко бидејќи температурата во запалените вагони се искачила на над 1300 степени Целзиусови.
Се верува дека меѓу жртвите има и многу студенти кои се враќале по продолжениот викенд. Шефот на болницата во Лариса, Апостолос Комнос изјави дека повеќето од загинатите се на возраст од дваесет години.
„Тоа е незамислива трагедија. Нашите мисли денеска се со роднините на жртвите“, изјави грчкиот премиер Киријакос Митотакис на местото на несреќата.