Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, оцени дека вчера на северот на Косово не се одржани организирани мирни собири, туку „протести на екстремисти под директива на официјален Белград“.
„Графитите од српски националистички, шовинистички и про-Кремљ карактер, заедно со маскирани екстремисти кои вршат напади, вандализираат и напаѓаат сè што не е српско, се главните показатели за мотивот на насилните дејствија“, се вели во соопштението на косовската влада.
Во владиното соопштение по средбата на Албин Курти со амбасадорите на земјите од Квинтата и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, беше истакнато дека сите треба најостро да ги осудат насилните дејствија.
На средбата беше истакната важноста и потребата од деескалација на ситуацијата, се наведува во соопштението.