Се на Кипар е сведено на проблем со легалноста

Од:

Одбивањето Европскиот суд на правдата на апликацијата за укинување на одлуката на Еврогрупата од март 2013 со која се поплочи патот за искористување на банковните депозити во враќањето на долговите на државата, не беше добро примена на Кипар. Адвокатите кои ја поднедоа апликацијата го обвинија судот за носење на политичка одлука, и нивна цел не било да се спротивстават на законодавните порцедури во ЕУ или да се изврши притисок врз Европската Комисија или Европската централна банка.

Жалбите можат да бидат поднесени, велат тие, иако е многу тешко да се предвиди каква било шанса да бидат успешни во светло на одлуката од средата, каде се забележува дека Еврогрупата бил неформален форум на министри на земјите членки, кои немаат извршен мандат. Изјавите од овој форум не смеат да се применуваат во ЕЦБ или во Европската Комисија, досуди судот, со  објаснување дека изјавите од Еврогрупата не носат никаков правен обврзувачки резултат за трети страни. Како резултат на одземањето на депозитите, судот гледа на ова како една од неколкуте мерки донесени на политичко ниво, кои на крајот биле имплементирани од страна на националната влада.

Изгледа дека само адвокатите ме можеле да ја увидат оваа вистина. Еврогрупата постави извесни услови за спас на Кипар од банкрот на државата, но крајната одлука дали тие ќе бидат прифатени остана на владата. Таа можела да каже не на одземањето на депозитите што ќе довело до колапс на банките и, банкрот на државата, која и така не била способна да ги покрие осигурените депозити, и на крај до излез од еврото. Тогаш кого би можеле депозиторите, кои би ги изгубиле сите свои депозити а не само 50 проценти, да го тужат во тој случај?

Можеби ќе им текне на адвокатите и нивните клиенти, по ова несупешна жалба, дека требале да ја судат кипарската влада пред кипарските судови во врска со наводната нелегалност на воведување на мерите за спас. Па заради непредвидливоста од кипарските судови, тие можеби и би добиле, што ќе придонесе за уште поголема штета за разнебитената економија на земјата.

За баксуз, се на Кипар е сведено на легални одлуки, што е баш чудно со оглед на тоа што нашата земја нема баш на законите најпокорни граѓани во светот. Но тоа им отвара работа на адвокатите кои постојано мораат да смислуваат нови начини да си најдат работа.

Видовме што се случи по референдумот во 2004, кога околу две илјади тужби беа поднесени пред Европскиот суд за човекови права, поднесени бегалците кои бараа да им се вратат нивните имоти. Ова резултираше судот да ги упати сите случаи до Комисијата за недвижен имот на север. Се сомневаме дека жалбата против одлуката на Европскиот суд да биде успешна, иако сме сигурни дека адвокатите кои ќе ја понмесат ќе бидат баш оптимисти во врска со позитивниот исход. 

Сајпрус мејл – Никозија

 

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ