Партијата за демократска акција (СДА) на БиХ, бара од Претседателството на БиХ да ги ангажира припадниците на вооружените сили на границата со Србија, со цел да се запре приливот на нови мигранти.
„Натамошното одложување и избегнување на воведувањето на оваа мерка, која е поддржана од членовите на претседателството Џаферовиќ и Комшиќ и на која се спротивставува Додик, веќе со ништо не може да се оправда“, се наведува во партиското соопштение.
Партијата ги повикаа државните институции и агенции да ги интензивираат своите активности во решавање на мигрантската криза, бидејќи, како што велат, целиот товар за решавање на ова прашање не може да го сноси само Министерството за безбедност, односно нивниот министер Селим Цикотиќ.
Укажувајќи на можната хуманитарна катастрофа поради зимскиот период, СДА смета дека сите одговорни треба да обезбедат еднаква поддршка, а посебната одговорност е, како што наведуваат, на Советот на министри на БиХ.
„Комплетниот Совет на министри на БиХ е должен да го реши ова прашање во соработка со другите нивоа на власта во БиХ“, се наведува во соопштението на партијата на бакир Изетбеговиќ.