Саудискиот конзул ја напушти Турција по најавата за претрес на неговата резиденција

Од:

Саудискиот конзул ја напушти Турција неколку часа по најавата дека неговата резиденција ќе биде пребарувана во врска со исчезнувањето на новинарот Кашоги, јави турската агенција Анадолија.

Како што пренесе агенцијата, конзулот Мугамед ал Отаиби ја напуштил Турција со авион во 14 часот. Од Саудиска Арабија за сега нема коментар за неговото заминување.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ја пребара неговата официјална резиденција и возила кои се во сопственост на конзулатот. Не е наведено кога ќе биде тоа спроведено.

Турските форензичари го завршија претресот на саудискиот конзулат рано утрово, две недели по исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Еден висок турски функционер рече дека полицијата за време на птретресот на саудискиот конзулат во Истанбул минатата ноќ пронашле одредени докази кои укажуваат дека Кашоги е убиен.

Турските власти и претоходно изразија сомнеж дека саудиски агенти го убиле Кашоги во конзулатот и го отстраниле неговото тело. Саудиска Арабија тие обвинувања ги нарекоа неосновани, но американските медиуми наговестуваат дека Саудијците би можеле да признаат дека Кашоги е убиен во конзулатот за време на испитување кое тргнало на лошо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски