Саудиска делегација пристигна во Турција поради случајот Кашоги

Од:

Делегација од Саудиска Арабија денеска пристигна во Турција поради истрагата за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.

Како што јави турската новинска агенција Анадолија членовите на делегациите ќе разговараат со турските претставници за време на викендот.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калан вчера најави дека Турција и Саудиска Арабија ќе формираат „заедничка работна група“ за да го испитаат исчезнувањето на Кашоги.

Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот ја напуштил зградата неповреден.

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

Турските медиуми во средата објавија фотографија од наводен саудиски „тим за убиство“, составен од 15 лица, а исто така објавија и видео снимка за сомнително движење во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по исчезнувањето на Кашоги.

Саудиска Арабија не го коментираше објавувањето на фотографијата и видео снимката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски