Сараево се збогува од Ердоан Моранкиќ кој загина вчера во трамвајска несреќа: Центарот на градот е блокиран

Од:

Сараево се збогува со Ердоан Моранкиќ (23) од Брчко, млад уметник кој трагично го загуби животот во трамвајска несреќа во центарот на градот. Мирен собир и почит кон младиот човек кој прерано почина започна пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина.

Gолем број граѓани пристигнаа, а се очекува да пристигнат уште повеќе. Толпата излезе на главниот пат и го запре сообраќајот во правец кон центарот на градот. Ученици и студенти раширија голем транспарент „Борба за правда“. На местото на неговата смрт беа положени цвеќиња и запалени свеќи за починатиот Ердоан Моранкиќ. Смртта на младиот уметник и студент на Академијата за ликовни уметности во Сараево длабоко ја потресе академската заедница, неговите пријатели и бројни граѓани низ цела Босна и Херцеговина, објавува Euronews BiH.

Пријателите и познаниците споделуваат емотивни пораки и фотографии на социјалните мрежи, опишувајќи го како скромен, чувствителен и секогаш подготвен да им помогне на другите.

За потсетување, несреќата се случила на улицата „Змај од Боснa“ во Сараево. Трамвајот излетал од шините и заврши на коловозот, а сообраќајот на овој дел е целосно прекинат. Истрагата ќе продолжи денес, соопшти Кантоналното обвинителство.

„Истрагата се спроведува под надзор на двајца обвинители, со присуство на механички и сообраќајни експерти. Ќе бидат спроведени потребните вештачења со цел да се утврдат сите околности и начинот на несреќата, по што ќе се донесе одлука за понатамошни процедурални дејствија“, изјави портпаролката на Кантоналното обвинителство, Азра Бавчиќ.

Лидерите на Кантоналното собрание и влада изразија најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на лицето кое трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

Возач на трамвај во Сараево возеше под дејство на дрога и со истечена дозвола

А1он

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Несреќа во Сараево: Возачот на трамвајот на слобода, погребан маладиот Ердоан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На девојка (17) и ја ампутираа ногата по трамвајската несреќа во Сараево, загина 23-годишник

А1он