„Самоопределување“ блокираше влез во парламентот на Косово

Од:

Приврзаници на Самоопределување ги блокираа сите приоди кон Собранието на Косово оневозможувајќи влез во зградата на пратениците кои денеска треба да разгледаат нацрт-закон за ратификација на Договорот за нормализација на односите Приштина Белград.

Косовскиот премиер Хашим Тачи на вчерашниот состанок со Владата изнесе убедување дека сите пратеници ќе го усвојат Законот за ратификација на Договорот.

Лидерот на Самоопределување Аљбин Курти изјави дека Тачи заедно со ДПК инсистира по секоја цена да се ратификува документот за да ја подели одговорноста со останатите партии.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска