Само тој се спаси од запалениот вагон, а сега бие битка за да преживее

Од:

20-годишниот Герасимос Георгиадис, кој останува на Интензивна нега каде е хоспитализиран и е во критична состојба, води тешка битка за да остане жив, по повредите кои ги здоби во железничката несреќа во Темпи.

Младиот студент бил единствениот патник од првиот-запален вагон и само тој бил спасен. Од удар, тој бил фрлен од прозорецот и се спасил од експлозијата и пожарот. Сепак, падот на земја предизвикал сериозни повреди на главата. Тој веќе претрпе две операции, при што лекарите не се откажаа од своите титански напори да го спасат.

20-годишникот се качил на возот во Лариса и патувал за Солун, бидејќи студира машинство. Бил танчер и свирел гитара.

Надвор од Одделението за интензивна нега, се членовите на неговото семејство, кои се будни и чекаат да се слушнат добра вест за синот.

Лекарите посочуваат дека неговата состојба е постојано критична.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска