Само десет нови случаи на Ковид-19 во Грција

Од:

Во Грција се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19, најмал број во изминатите 40 дена, додека пак животот го загубија уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 2245 позитивни случаи на коронавирусот и вкупно 116 починати лица, согласно податоците соопштени од претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на денешната прес конференција.

На апарати приклучен е 61 пациент, а 44 лица биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство на Грција не соопшти податоци за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, а до завчера беа анализирани 53.290 примероци.

Професорот Циодрас соопшти дека досега се направени анализи на 54.344 примероци.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија