Самарас за грчкото претседателство со ЕУ

Од:

Грција и Европа ги демантираа оние кои се обложуваа на неуспех и распад на Унијата, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас на церемонија по повод завршувањето на грчкото претседателство со ЕУ.

Самарас рече дека Грција ге демантирала сите и оти успеала да се спаси финансиски, да ја стабилизира позицијата на земјата, да ги спроведе реформите, да излезе на меѓународните пазари, и оти сега излегува од долготрајната рецесија.

– Некои се обложуваа и на присилно излегување на Грција од еврозоната. Многумина мислеа дека Европската монетарна унија нема да може да се справи и го чекаа нејзиното распаѓање. Тие беа демантирани, додаде грчкиот премиер. Самарас подвлече дека за време на шесте месеци Грција искористила само 40 отсто од буџетот за претседателството на ЕУ.

И грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вчера информира дека Грција потроши околу 19 милиони од предвидените 50 милиони евра за време на шестмесечното претседателствување со Европската унија.

Тој истакна дека буџетот за претседателствувањето уште на почетокот бил мал во споредба со буџетитте на другите земји, кои потрошиле над 50 милиони евра. 

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ