Самарас во Брисел по гаранции дека ќе се дојде до решение за грчкиот долг

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас пристигна во Брисел за денешниот самит на лидерите на Европската унија со надеж дека ќе добие гаранции дека на следниот состанок на еврогрупата в понеделник ќе се најде решение за проблемот со одржливоста на грчкиот долг.

По 11 часа разговори, состанокот меѓу министрите за финансии од еврозоната и управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард заврши без договор за исплата на транша од заемот во вредност од 44 милијарди евра која Атина ја очекува следниот месец, ниту за тоа како да се намали долгот на земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Неуспехот да се постигне договор е удар за Самарас и неговата Влада, која тврдеше дека пакетот за штедење усвоен овој месец ќе доведе до решавање на  двете прашања, коментираат аналитичарите.

Според доброупатени извори, не се знае дали Самарас ќе ги покрене грчките прашање на денешниот самит, кој е посветен на буџетот на ЕУ за 2014-2020 година, но на маргините на состанокот ќе има можност лично да се сретне со другите лидери.

„Катимерини“ дознава дека еврозоната и ММФ се разликуваат за околу четири проценти во нивните предвидувања за тоа каде ќе биде грчкиот долг по примената на мерките за штедење. Двете страни треба да се договорат за формула која ќе го намали долгот на Грција кон нејзините кредитори на 124 проценти од БДП до 2020 година и 108 отсто oд 2022 година.

ММФ изгледа ги повлече барањата од земјите од еврозоната да прифатат намалувања на нивните билатерални заеми за Грција, но можноста за пониски каматни стапки е исто така проблематична бидејќи тоа ќе бара заемодавците да ги приспособат нивните национални буџети за сметка на пониски приходи и ќе доведе некои земји да се задолжат по повисока цена од стапката по која тие и позајмиле на Атина.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски