Самарас: Владата нема да ја повлече одлуката за затворање на ЕРТ

Од:

Грчката Влада нема да ја повлече одлуката за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ, изјави денеска премиерот Андонис Самарас на партиска конференција во градот Нафплио.

Во вторникот вечерта Владата донесе неочекувано решение за затворање на ЕРТ и создавање нова медиумска куќа со помал број на вработени, што предизвика масовни протести во земјата и критики од меѓународните медиумски организации. Затворањето на државната телевизија претставува и бркање од работа на околу 2.700 вработени.

Самарас потенцира дека „би било лицемерно од страна на Владата да направи чекор назад“, бидејќи неговата конзервативна партија Нова демократија, како и коалициските партнери, претходно потпишале договор со меѓународните кредитори на Грција, кој подразбира отказни решенија за 2.000 државни службеници оваа година.

Тој нагласи дека им предложил на коалициските партнери од социјалистичката партија ПАСОК и Демократската левица, кои не се согласуваат со затворањето на ЕРТ, утре да разговараат на оваа тема. Целта на средбата ќе биде наоѓање компромис за решавање на создадената ситуација, која се заканува да ја однесе земјата во голема политичка криза.

Две социолошки истражувања, извршени овој викенд, покажуваат дека повеќето од Грците се против згаснувањето на ЕРТ.

Според двете анкети, околу 65 отсто од граѓаните даваат негативна оценка за решението на Владата да го затвори државниот медиум, додека околу 30 проценти од анкетираните ја поддржуваат ваквата одлука.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица