Лидерот на опозициската Нова демократија, Андонис Самарас си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки.
Самарас побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ со цел да се смири општеството и да се стави крај на штетите на грчката економија.
Оставката дојде по барање од подмладокот и дел од членовите на партијата да дојде до смена на политичкото лидерство, откако стана јасно дека опцијата за која се залагаше лидерот на опозицијата не доби поддршка на референдумот.