Самарас предлага предвремени избори на 25. јануари

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска соопшти дека ќе побара предвремените парламентарни избори во Грција да се одржат на 25 јануари. 

– Утре ќе побарам од актуелниот шеф на државата да го распушти Парламентот и да закаже предвремени парламентарни избори на 25 јануари, изјави Самарас по денешниот третиот круг на гласање на кој грчките пратеници не успеаја да изберат нов претседател на Грција.

Единствениот кандидат за нов шеф на грчката држава Ставрос Димас, кој беше поддржан од партиите од владејачката коалиција, доби 168 гласа или 12 помалу од неопходните 180 за да биде избран.

Според анкетите на јавното мислење, на предвремените парламентрани избори најголеми шанси за победа има опозициската екстремно левичарска Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА).

Партијата ветува дека ако дојде на власт ќе го преразгледа договорот со меѓународните кредитори, што може да го загрози опоравувањето на кревката грчка економија, која неодамна излезе од повеќегодишната рецесија.

Во текот на викендов грчкиот премиер Андонис Самарас апелираше до пратениците да го поддржат Димас, додавајаќи дека нема намера да прави нови отстапки во врска со рефомите и изразувајќи увереност дека неговата Нова демократија би победила на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит