Самарас: Потребна е заедничка европска политика за миграцијата

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас повика за заедничка миграциска политика на Европската унија, пишува весникот „Нафтемборики“.

– Потребна е целосна, комплексна европска политика, која ќе го следи и прашање за нелегална имиграција, изјави Самарас на островот Лезбос на средбата со тимот на силите за управување со надворешните граници на ЕУ (Фронтекс).

Самарас изрази мислење дека таа заедничка европска политика ќе треба да вклучува исто така и опции за решавање на проблемот со репатријацијата.

– Зошто досега Европа не пронајде начин за да ги казни вистинските виновници за оваа појава, нагласи премиерот и додаде дека тоа е проблем, кој долго време бил игнориран од Европа, поради што продолжуваат да се случуваат инциденти, како тој во Лампедуза.

Самарас истакна дека во рамки на грчкото претседателство на ЕУ, Атина иницираше самит во јуни, на кој треба да се побараат кокретни решенија на „големиот проблем на миграцијата“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица