Самарас: Победата на Нова демократија е за сите Грци кои сакаат земјата да остане во еврозоната

Од:

Лидерот на Нова демократија и премиер на Грција, Андонис Самарас синоќа одржа говор во Каламата, Пелопонез, на кој изрази оптимизам во врска со неговата победа на претстојните избори и ја нападна Сириза велејќи дека „нов меморандуми ќе дојде само со Сириза“.

– Победата на Нова демократија следната недела не е само за нашата партија, туку и за сите Грци кои сакаат земјата да остане во еврозоната… На 25 јануари не постојат два различни предлога затоа што Сириза нема предлози, додека ние сакаме да Грција да биде нормална земја неоптоварена со дефицити и долгови. Што ќе се случи е до вас. Дури и со еден глас, бидејќи партијата што ќе добие дополнителен глас ќе добие и дополнителни 50 места. Ние веднаш ќе формираме влада, рече Самарас.

Тој, исто така, ја обвини Сириза дека се обидува да ги измами граѓаните.

– Сега тие зборуваат за намалување на долгот. Тоа е нова измама. Сириза е свесна за фактот дека ниту една европска земја нема да прифати намалување на долгот, затоа што ни позајмија со пониски камати во споредба со нивните задолжувања. Но, тогаш тие ќе речат „тоа не е наша грешка и сега мора да ги ставиме рацете во вашите џебови“, рече Самарас. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит