Самарас ќе објави промени во Кабинетот

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска се очекува да соопшти за промени во коалициската Влада.

Клучен елемент од промените во Кабинетот ќе биде сменувањето на министерот за финансии. Досегашниот министер Јанис Стурнарас најверојатно ќе биде гувернер на централната банка на Грција.

Смени и рокади се очекуваат во министерствата за развој, за здравство, за внатрешни работи и административни реформи како и на ниво на заменик-министри, јавија грчки медиуми.

Министрите за надворешни работи, за одбрана и за туризам најверојатно ќе ги задржат функциите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит