Самарас ја претстави својата визија за Грција

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја претстави својата визија за Грција во порака што ја објави на својот личен профил на „Фејсбук“.

– Верувам во она што можеме да го постигнеме како нација ако видиме дека светот е нашиот дом, дека ние Грците бевме првите кои го обединија светот со нашите вредности, дека решенијата се подобри од догмите, вели Самарас во пораката.

Тој исто така рече дека верува во она што можат да го направат Грците ако ги остават лагите зад себе, ако се отстранат партиите од образованието, ако знаењето се поврзе со пазарот и производството, „ако се осмелат, ако преземаат иницијативи, ако ги вреднуваат своите производи“.

Самарас истакнува дека Грците можат да ги убедат луѓето да инвестираат во земјата и да ја инспирираат креативноста на младите генерации.

– Верувам дека можеме да ја постигнеме секоја цел ако ги здружиме силите, ако го замениме гневот со решителност, празниот муабет со план, ако застанеме на страната на оние кои произведуваат, ако го земеме животот во наши раце, рече лидерот на Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит