Самарас ја откажа посетата на САД откако не успеа да обезбеди средба со Обама

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја откажа долго време најавуваната посета на Соединетите Американски Држави, откако не успеа да договори средба со американскиот претседател Барак Обама.

Самарас со месеци беше најавуван како почесен гостин на Глобалниот форум на Американскиот еврејски комитет, но од АЕК информираа дека неговото доаѓање во Вашингтон веројатно ќе биде условено со тоа дали Обама ќе го прими на средба во Белата куќа, особено по високите почести при неодамнешната посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот еврејски комитет вчера информираше дека Самарас ја откажал посетата поради неуспехот да обезбеди средба со Обама, а на негово место, на Глобалниот форум ќе се обрати шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.

– Се разбира дека бевме навистина разочарани од веста, но во целост ја разбираме одлуката на премиерот Самарас.

Ова требаше да биде негова прва посета на Вашингтон како премиер и разбирливо е дека притоа сакаше да има средба и со претседателот Обама. Но, поради непоклопување со агендата на Белата куќа, тоа не беше возможно во овој момент, изјави директорот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор