Лидерот на грчката опозициска Нова демократија Андонис Самарас ја обвини владејачката Сириза дека ги лаже гласачите во врска со договорот потпишан на 20 февруари на состанокот на Еврогрупата во Брисел.
Самарас, кој објави наводна копија од договорот потпишан од страна на министерот за финансии Јанис Варуфакис и гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас, изјави дека договорот бил само „модификација на главниот договор за кредит, со цел Владата да добие четиримесечно продолжување“.
Поранешниот грчки премиер истакна дека владејачката коалиција не го поднела договорот за заем на гласање во Парламентот „за да ја скрие вистината од грчкиот народ“.
– Сите лаги имаат рок на траење, нагласи Самарас.