Самарас ја губи довербата од своите сопартијци

Од:

Пратеникот Никос Ставројанис денеска е исклучен од парламентарната група на грчката владејачка партија Нова демократија, откако вчера изјави дека нема да гласа за мерките за штедење.

Премиерот Андонис Самарас побарал Ставројанис да биде исклучен и од партијата.

Во интервју за „Реал Њуз“ Ставројанис вчера рече дека не може „свесно да гласа за нефер и неефикасниот пакет кој најмногу ќе ги погоди најсиромашните семејства“.

Грчката Влада деновиве се очекува да склучи договор со тројката меѓународни кредитори за пакетот мерки за заштеда на 13,5 милијарди евра. Пакетот вклучува намалување на трошоците во висина од 11,5 милијарди и две милијарди евра приходи од даноци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција