Самарас: Избори до крајот на 2015. доколку биде избран претседател

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас понуди денеска проевропските независни пратеници да влезат во Владата и предвремените општи избори да бидат одржани кон крајот на 2015 година, доколку актуелниот Парламент успее да избере претседател на земјата.

Во ненајавеното ТВ обраќање Самарас истакна дека Грција има обврска да ги заврши преговорите со Европаката унија и Меѓународниот монетарен фонд за ставање крај на спогодбата за финансиска помош следната година.

Апелирајќи на проевропската независна политика, тој рече дека е подготвен да ја прошири својата коалиција на конзервативци и партии на левиот центар доколку пратениците го поддржат изборот на новиот претседател.

Оваа ненадејна изјава премиерот ја даде два дена во пресрет на новата рунда гласање за претседател, а по разочарувачките резултати за Владата во првиот круг, одржан на 17 декември, кога доби помала подршка, отколку што очекуваше.

Доколку 300-те пратеници на Парламентот не го изберат претседателот до третиот круг од гласање на 29 декември, општите избори ќе мора да бидат одржани на почетокот на февруари, што ги доведува во опасност грчките преговори за меѓународната финансиска помош.

Самарас ги повика пратениците да го слушнат „гласот на националниот интерес и здравиот разум“, да го изберат неговиот кандидат Ставрос Димас и со тоа да овозможат завршување на финансиските преговори.

– Тогаш заштитени и економки и политички, можеме да пронајдеме соодветна временска рамка за национални избори, дури и кон крајот на 2015., изјави тој.

Василил Економу од редовите на проевропските независни пратеници ја поздрави понудата на Самарас и ги повика другите независни пратеници да ја поддржат Владата.

Меѓутоа левичарската партија Сириза, која сака повторно да преговара за финансиската спогодба, веднаш ја отфрли понудата, како и Независни грци, мала десничарска партија, која бара нови избори.

Во вторник се очекува втора рунда гласање во Парламентот, кога на Димас за победа ќе му бидат потребни 200 гласови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит