Самарас и Венизелос не можат да се договорат кој ќе биде грчки министер за надворешни работи

Од:

Преговорите меѓу Нова демократија и ПАСОК за реконструкцијата на грчката Влада заглавиле околутоа кој ќе биде министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Андонис Самарас и лидерот на коалицискиот партнер ПАСОК Евангелос Венизелос денеска се сретнаа за да ги финализираат деталите околусоставот на новата грчка Влада по повлекувањето на Демократската левица од Кабинетот.

Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу по средбата изјави дека Самарас и Венизелос имале добра соработка и оти целта е реконструкцијата на Кабинетот да биде завршена до вечерва.

Се уште не е познато дали Венизелос во новата Влада ќе биде заменик-премиер или министер за надворешни работи.

Телевизијата „Скај“ јави дека несогласувањата околу новиот шеф на дипломатијата не се ненадминливи и оти се очекува до вечер да се реши и тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит