Самарас: Грција се претвора во енергетски центар во Југоисточна Европа

Од:

Со учеството во големи проекти како што е Јужниот коридор за гас, Грција ја подобрува својата позиција и ја зголемува улогата на меѓународната енергетска сцена, претворајќи се во „центар на Југоисточна Европа, како и на континентална Европа“, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас.

Самарас денеска во Азербејџан учествува на одбележувањето на 20-годишнината од договорите за наоѓалиштето на гас Шах Дениз и почетокот на изградбата на Јужниот коридор за гас.

На настанот присуствуваат делегации од Бугарија, Турција, Италија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Велика Британија.

За Самарас Јужниот коридор е „фактор на долгорочна стабилност, мир и глобална соработка, кој Грција го поддржува од самиот почеток“.

Природниот гас ќе се транспортира од гасното наоѓалиште Шах Дениз по Трансјадранската линија (ТАП), кој ќе поминува низ Турција, Грција и Албанија до Италија, како исто така се планирана да се поврзе со други земји во балканскиот регион преку вертикален грчко-бугарски гасовод, јави грчката државна агенција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица