Самарас го смени министерот за финансии

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска го смени министерот за финансии Јанис Стурнарас и на негово место го назначи професорот по економија и финансиИ на универзитетот во Пиреја, Гикас Хардувелис, јави ИТАР-ТАСС.

Се очекува Стурнарас, кој во текот на последните две години ги водеше тешките преговори со „тројката“ меѓународни кредитори, да го заземе местото гувернер на Централната банка на Грција.

Мандатот на сегашниот гувернер Јоргос Провопулос истекува во текот на овој месец.

Новиот министер за финансии Хардувелис досега работеше како советник на премиерот за економски прашања.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит