Самарас: Европскиот развој на Грција зависи од изборот на претседател

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас, неколку часа пред првиот круг од претседателските избори во Парламентот, од чиј резултат зависи и опстанокот на неговата Влада, порача дека .неизгласувањето претседател би можело да биде фатално за европскиот развој на земјата.

Пратениците треба да се изјаснат за единствениот претседателски кандидат -Европскиот развој на Грција Ставрос Димас.

– Гласањето нема да биде интерпретирано како референдум за Владата, туку како избор за заштита на Уставот и за почитување на претседателската институција. И како избор за избегнување на една политичка авантура, која може да биде фатална за европскиот развој на земјата, посочи Самарас.

Ако Парламентот не успее да избере претседател до 29 декември ќе се организираат предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит