Сакаме да бидеме транзитна рута во енергетиката, како што сме во сообраќајот, вели срспка министерка

Од:

Вицепремиерката и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека енергетика, како што е во сообраќајот и да цената на струјата и покрај најавеното поскапување ќе продолжи да биде најниска во Европа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Она на што интензивно работиме, а што е приоритет, е завршување на гасната интерконекција со Бугарија, а кога се ќе заврши во септември следната година, ќе имаме можност да купиме гас од Александрополис, односно од ЛНГ терминалот, како и од Азербејџан. Кога имаме повеќе добавувачи, тоа автоматски ја зголеми безбедноста на земјата, бидејќи не е добро да зависиме само од еден снабдувач, која и да е таа земја. Исто така, сакаме да се поврземе не само во гасниот сектор, туку и во високонапонската мрежа, како и со Хрватска,  Македонија, Босна и Херцеговина, Романија, бидејќи сакаме да бидеме транзитна рута во енергетиката, како што сме во сообраќајот, тоа е визијата како треба да изгледа српската енергетика, кажа Михајловиќ за ТВ Курир.

Таа изјави и дека кога е во прашање претстојната зимска сезона, државата прави се што може да обезбеди доволно енергија и енергенти.

-Благодарение на финансиската стабилност успеваме да обезбедиме се, но тоа многу ја чини државата. Ќе треба да увезуваме струја и во наредните месеци бидејќи имаме сериозен проблем во електроенергетската индустрија и сметам дека до ова не требаше да дојде доколку поинаку се работеше. Цело време сме сме со ЕПС (Електростопанство на Србија), го олеснивме увозот на струја и јаглен. Единствениот излез за српскиот енергетски сектор се инвестициите, особено во РХЕ и ОИЕ, преку стратешки партнерства. Неопходно е ЕПС да инвестира во постоечките и нови рудници, но и конечно да почне да гради нови капацитети, рече Михајловиќ.

Таа порача дека, кога станува збор за поскапување на струјата, тој чекор е неопходен со оглед на поскапувањето во целиот производствен синџир, но дека и покрај најавеното поскапување, цената на струјата во Србија сепак ќе биде најниска во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски