САД ја поттикнуваат Грција да се држи до Трансјадранскиот гасовод

Од:

САД ја поттикнуваат Грција да продолжи со проектот за изградба на цевковод што ќе пренесува природен гас од Азербејџан до Европа преку Грција, а не да полага надежи во другиот проект што ќе транспортира руски гас преку Турција, пренесува БТА.

Специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за енергетски прашања Ејмс Хохстејн изјави дека за време на својата денешна посета на Атина со повеќе грчки официјални претставници ги разгледал енергетските ресурси на земјата и дека двете страни „имале
повеќе согласност, отколку разлики“.

Новата левичарска Влада во Атина изрази интерес за поддршка на проектот на Москва за изградба на гасовод, наречен „Турски тек“, што треба природниот гас да го пренесува преку Црно Море до Турција и оттаму кон Европа, а може да се случи да се пренесува преку Грција.

САД ја поттикнуваат изградбата на Трансјадранскиот гасовод, што
гасот од Касписко Море ќе го транспортира до Италија.

Грчкиот министер за енергетика Панајорис Лафазанис по средбата со Хохстејн изјави дека Грција сака да стане „трансенергетски џеб во регионот“ со многустепена и независна енергетска политика, темелена исклучиво на националните интереси, соработката и енергетската безбедност на регионот и Европа, соопшти весникот „Катимерини“.

Лафазанис изјави дека Грција ја поддржува „изградбата на гасовод,што ќе стига до грчко-турската граница, и гасот ќе го пренесува од Русија“, и забележа дека ваквиот проект ќе биде „покорисен“ за Грција и грчкиот народ и ќе помогне во засилувањето на соработката и енергетската безбедност во регионот и Европа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит