Соединетите Американски Држави изразиле жалење затоа што новиот претседател на Србија го негирал постоењето на геноцид во Сребреница во 1995.
Вашингтон неговата изјава ја оценува како контрапродуктивна. Потпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, изјавил дека геноцидот не е субјетивно утврдена квалификација, туку е јасно дефинирано кривично дело кое го препознал Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија.