САД бараат Турција да ги прекине гасните истражувања кај Кипар

Од:

Американскиот Стејт департамент денеска ги повика турските власти под итно да ги прекинат сите „незаконски активности“ во кипарските територијални води и оттаму да го отстранат својот сондажен брод „Јавуз“, јави денеска весникот „Катимерини“.

Турција во овој регион веќе ги има стационирано сондажните бродови „Јавуз“ и „Фатих“, како и истражувачкиот брод „Барбарос“.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавусоглу вчера информира дека четвртиот турски брод- истражувачкиот „Орук Рејс“ – е упатен кон регионот.

„Овој провокативен чекор ги зголемува тензиите“, соопшти Стејт департаментот и додаде дека само Кипар, преку својата влада, може да даде согласност за активности како сондажи во своите територијални води.

Американското министерство, исто така, соопшти дека развојот на ресурсите во источното Средоземје треба да ја поттикнува соработката, да создава основа за трајна енергетска сигурност и економски просперитет.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Кипар