Саатницата во БиХ десет пати помала од саатницата во ЕУ

Од:

Независне новине – Бања Лука

Работниците во земјите на Европската унија во просек за час заработуваат околу десет пати повеќе од вработените во БиХ, покажуваат последните истражувања.

Според мислењето на економистите, причини за тоа има многу, а една од нив е и таа што БиХ е земја во која човек можете да го платите многу малку, бидејќи има премногу невработени.

Посебно е проблематично, како што велат економистите, што администрацијата ништо не прави реалниот сектор да создава нова вредност, економијата подобро да функционира, а со тоа би дошло и до поголема цена на трудот.

Имено, според истражувањето на германската агенција Дестатис, просечната цена на трудот за еден час во приватниот сектор во ЕУ лани изнесувала 24,40 евра, т.е. околу 49 конвертибилни марки (КМ).

Од друга страна, просечната плата во БиХ лани изнесувала 830 КМ и ги опфаќала платите и во приватниот и во јавниот сектор. Кога тоа ќе се подели со 21 работен ден во месецот и осум часовното работно време, се добива дека просечната саатница во БиХ лани изнесувала само 4,9 КМ.

Таа би била и помала ако постојат официјални податоци за просечните плати во приватниот сектор, кои се многу помали од просечната плата во БиХ, бидејќи реалниот сектор во БиХ се наоѓа во многу тешка состојба. Така само неофицијално се наведуваат податоци дека саатницата во реалниот сектор во БиХ е од три до десет марки.

Значи, со таа цена работата по час во БиХ далеку заостанува и зад земјите кои во ЕУ најслабо ги плаќаат своите работници, како Бугарија, Романија, Литванија, Летонија и Унгарија.

Така бугарските работодавци во приватниот сектор минатата година најмалку плаќале еден час работа во однос на останатите земји на ЕУ – 3,80 евра, додека на лидерската позиција се Данците до 42 евра.

Според истражувањето, цената на трудот во Бугарија лани била поголема за 2,8 отсто од 2013 година.

Малку пред Бугарија е Романија, каде еден час работа е платен 4,8 евра, следи Литванија со 6,60 евра, Летонија седум евра, Унгарија 7,8 евра по час.

Работодавците во германскиот приватен сектор плаќале 31,80 евра по час, со што го зазема осмото место меѓу 28 членки на ЕУ, според трошоците кои ги издвојува за работната сила.

Зоран Павловиќ, економски аналитичар, смета дека БиХ е земја која дефинитивно ја изгубила битката меѓу администрацијата и реалниот сектор.

– Реалниот сектор, на некој начин, пропадна не само поради тоа што нашите граници се најотворени на светот и каде секој може да увезува што сака, туку и затоа што администрацијата направи таа да владее со реалниот сектор и граѓаните, рече Павловиќ и додаде дека таа иста администрација ништо не прави реалниот сектор да создава нова вредност, за да може економијата подобро да функционира.

Според него, БиХ е земја во која човек може да го платите многу малку бидејќи има премногу невработени.

– Така сме доведени во една ужасно тешка, речиси безизлезна состојба, за разлика од еден организиран и среден систем на работењето во било која европска земја, смета овој економски аналитичар.

Тој истакнува дека кога ќе ја погледнеме цената на трудот, како одраз на вредноста која се признава во општеството, работењето во БиХ е доведено на толку ниско ниво што млади луѓе повеќе сакаат да потрошат три марки за кафе и цигари и да го поминат претпладнето во кафуле, отколку да работат за пет марки на час.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски