Руските воздушно-десантни сили префрлени на Крим

Од:

Единиците на руските воздушно-десантни сили и морнарица префрлени се на Крим и во Краснодарскиот регион во рамките на ненајавената проверка на борбената готовност, соопшти руското Министерство за одбрана.

Дел од руските воздушно-десантни сили извеле марш долг 1.200 километри со комбинирана метода – со железница и со сопствена техника, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Во моментов тие се позиционирани на полигонот Опук на полуостровот Крим, каде ќе спроведуваат воени вежби.

Проверката на борбената готовност на руската армија почна на 25 август и ќе трае до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски