Руската и кинеските вакцини се најпопуларни во Србија, но многу луѓе не сакаат да се вакцинираат

Од:

Србија е убедлив лидер по бројот на вакцинирани лица во регионот и е еден од лидерите во Европа, но, иако вакцината против коронавирусот е достапна во поголеми количини во Србија, сепак 30 отсто граѓани веројатно нема да се вакцинираат, додека 16 отсто се изјасниле дека сигурно нема да ја примат, покажа неодамнешното регионално истражување на компанијата Валикон.

Во регионот, БиХ е лидер според бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, со 61 отсто од граѓаните кои имаат намера да ја примат вакцината.

Од друга страна, според истражувањето спроведено во март 2021 година, преку онлајн методот на репрезентативни примероци во четири земји во регионот- БиХ, Хрватска, Словенија и Србија, значителен процент на граѓани на БиХ немаат намера да се вакцинираат – 27 отсто изјавиле дека најверојатно нема да се вакцинираат, додека 12 отсто сигурно нема да се вакцинираат.

За разлика од БиХ, Хрватите и Словенците имаат малку помала намера да се вакцинираат (50 отсто имаат намера да се вакцинираат), додека значително поголем е процентот на оние кои не сакаат да се вакцинираат, особено оние кои не оставаат простор за можна вакцинација – скоро петтина или 20 отсто.

Кога станува збор за која вакцина би сакале да се вакцинираат, граѓаните на Србија ја преферираат руската вакцина „Спутник V“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“.

За разлика од Србија, граѓаните на Хрватска и Словенија во многу помала мера имаат доверба во овие вакцини, но сепак постои одреден степен на доверба.

Кога станува збор за вакцината „Фајзер“/„БиоНТек“, таа е убедливо најпопуларна во Словенија и Хрватска, додека во Србија е на третото место.

Во БиХ 48 отсто од жители претпочитаат да бидат вакцинирани со „Спутник V“, додека 48 отсто би ја примиле вакцината „Фајзер“/„БиоНТек“.

Вакцините на „Џонсон и Џонсон“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, уживаат висок степен на доверба кај граѓаните на Хрватска и Словенија, но токму во тие земји најголем е процентот на граѓани кои не би одбрале ниту една од понудените вакцини – 32 отсто во Хрватска и 34 отсто во Словенија.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски