Руската амбасадорка во Бугарија ја спореди Руско-турската војна пред 144 години со војната во Донбас

Од:

Амбасадорката на Русија во Бугарија Елеонора Митрофанова упати видео честитка по повод денот на ослободувањето на Бугарија, што предизвика негативен ефект, јави дописникот на МИА од Софија.

Во своето обраќање, Митрофанова истакна дека „Руско-турската војна од 1877-1878 година е ехо на конфликтот од Донбас во источна Украина“. Таа посвети значителен простор на Украина и на мотивацијата на Русија во актуелниот конфликт со Киев.

Митрофанова ги повика бугарските граѓани „да размислат и да гледаат што се случува во Украина со незаматен поглед од антируската пропаганда“. Според неа, Русија во моментов спроведува „специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на криминалната киевска влада, која води војна со сопствениот народ од 2014 година“. Обраќањето го заврши со убедување дека „руската кауза е правилна“.

На социјалните мрежи се појавија реакции по нејзиниот говор, а и поради навредливи оценки за Бугарите во објава на веб-страницата на амбасадата да биде протерана од Бугарија.

Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова денеска не се појави на кревањето на бугарското знаме во Софија пред споменикот Непознат воин на државниот празник на Бугарија, на кој присуствуваа претседателот Румен Радев, потпретседателката Илијана Јотова и новиот бугарски министер за одбрана Драгомир Заков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица