Во Обреновац се случи несекојдневен херојски потег, кога еден руски спасувач скокна од мост, за да спаси двајца српски спасувачи и луѓе од чамец, кој се превртел во водата.
Русинот откако видел дека чамецот во кој имало двајца спасувачи и две жени се превртел и водата започнала да ги носи, скокнал од мостот каде што се наоѓал, допливал до нив и ги спасил.
Оваа драма ја потврди и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој изрази воодушевување за храброста и несебичноста на рускиот спасувач.
-Се случуваат секакви работи. Состојбата е таква што имаме и убави и грди приказни. Една од нив е и таа за храбриот потег на рускиот спасувач, кој го жртвуваше својот живот за да спаси двајца српски спасувачи и две жени и ние сме му благодарни за тоа- рече Вучиќ.
Е. Г.