Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Од:

Руски државјанин осомничен за акти на саботажи против Полска, САД и другите сојузници е уапсен и депортиран од Босна и Херцеговина во Полска, објави полскиот премиер Доналд Туск во објава на социјалните мрежи.

Туск не објави дополнителни детали за апсењето или за наводните акти на саботажа, но им честиташе на разузнавачките служби и обвинителството, велејќи дека апсењето дополнително „ги потврди непријателските руски активности“.

За потсетување, денеска во хотелот Бајеришер Хоф почнува тридневната Минхенска безбедносна конференција, а американскиот претседател Доналд Трамп најави средба на американската делегација со Русите и Украинците. Сепак, според последните информации, руската делегација нема да присуствува на овој настан.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани