Русија реши да го прекине гасот за Бугарија

Од:

Во „Бyлгapгaз“ денеска било примено известување дека доставата на пpиpoдeн гaс oд „Гaзпpoм Eĸcпopт“ ќе бидат запрени заклучно со 27 aпpил 2022 година.

„Согласно извршената анализа од страна на државната компанија „Бyлгapгaз“ и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), е утврдено дека, новата предложена процедура за плаќање од руската страна, не е соодветна постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија.

Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг, „Бyлгapгaз“ и „Бyлгapтpaнcгaз“ спроведоа чекори за алтернативни договори за природен гас и справување со новонастанатата ситуација“, велат од бугарското министерство.

Засега нема да се предложат рестриктивни мерки за користењето на гасот во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија