Русија протера 45 вработени во полската амбасада и членови на конзуларниот персонал, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Станува збор за одговор на неодамнешното протерување на руски дипломати од Варшава. Полска минатиот месец протера 45 руски дипломати кои ги обвини дека работеле за руските разузнавачки служби. Русија ги отфрли таквите обвинувања како неосновани.
Официјална Москва денеска, исто така, протера двајца бугарски дипломати како одговор на одлуката на Бугарија да протера двајца руски дипломати од Софија донесена во март, соопшти денеска руското МНР.
Бугарија ги прогласи за персона нон грата двајцата руски државјани поради наводни активности што се спротивни на нивниот дипломатски статус
Таа го повика и својот амбасадор во Москва на консултации поради, како што најави, недипломатските, остри и груби коментари на рускиот амбасадор во Софија.
Извор: МИА